Вести Свет

Како европските држави планираат да ги вакцинираат своите граѓани?

Европските држави ги срочија стратегиите за тоа кој прв ќе застане да ја прими вакцината против ковид 19. Франција за почеток набавува еден милион дози и имунизација почнува од јанури, а први ќе бидат лицата во пензионерските домови, како и здравствените работници. Во втората фаза, која би се одвивала во февруари ќе се вакцинираат 14 милиони граѓани со хронични болести. До пролет, Франција планира да имунизација на цела популација. Португалија планира слична рута – 400 илјади најранливи се први во редот, а до април еден милион луѓе.

Вакцината на Фајзер и Бионтек утринава од Белгија преку Ла Манш пристигна во Велика Британија. Се е подготвено за прием на вакцината која треба да се одржува на минус 70 степени. Имунизацијата на Британците почнува во вторник. Британија прва ја одобри вакцината за масовна употреба, што за американскиот инфектолог Ентони Фаучи е премногу брзо. Оваа критика ги вознемири луѓето и го доведе во прашање целиот процес – зголемувајќи ја недовербата. Сепак, Фаучи денеска со извинување до британското регулаторно тело. А Официјален Брисел уверува дека одобрувањето на вакцината е транспарентен процес.

Знаеме дека ни следува битка во комуникацијата, битка за транспарентност и да не дозволиме лажните вести да надвладеат или да го направат уште покомлициран нашиот капацитет за достава на вакцините и да ги заштитиме нашите граѓани. Ова мора да се базира на наука, знаење, релевантност, квалитет и транспарентност, изјави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. 

Но, и покрај европскиот оптимизам, ОН предупредуваат дека вакцината нема да е доволна да ја намали штетата која е веќе направена од пандемијата.

Вакцината нема да ја намали штетата која ќе се протега низ годините, па дури и децениите кои следуваат. Се зголемува екстремната сиромаштија, исто како и гладта, се соочуваме со огромна рецесија во изминатите осум децении. И овие генерациски удари не се само поради КОВИД 19. Резултат се на долготрајната кревкост, нееднаквост и неправда кои се шират од пандемиите, смета генералниот сектретар на ОН, Антонио Гутереш. 

ОН ургираат богатите држави да ги достават вакцините до сите држави, посебно за сиромашните и земјите во развој, во спротивно ќе продолжи човечката трагедија.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе