Култура

Културата како стратешка акција влезе во Агендата на Европската Комисија за Западен Балкан

Денеска се одржа Министерски состанок на Агендата на Западен Балкан за образование, обука, истражување и иновации, кој ги обедини клучните засегнати страни од Европската Унија и од регионот на Западен Балкан. За време на состанокот, кој се одржа онлајн, министрите одговорни за иновации, истражување, образование и култура од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и од Србија разговараа и ги изнесоа своите ставови за Агендата на Западен Балкан на одделни тематски тркалезни маси.

За време на состанокот, Марија Габриел, европски комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, ја претстави својата визија и новиот наратив за Западен Балкан: „Агендата на Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт“, сеопфатна, долгорочна стратегија за соработка меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

На состанокот учествуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која во своето излагање потсети на културните вредности, потенцирајќи ги трите приоритети на нејзиниот мандат: европските интеграции, културното наследство и младите.

– Би сакале овие приоритети да бидат повидливи во Агендата за култура на Западен Балкан, рече Стефоска.

Министрите, на состанокот ја вклучија културата во Агендата – Западен Балкан, преку посебна стратешка линија. Покрај ова, на состанокот на високо ниво беше усвоен и повисок буџет за програмата Креативна Европа при Европската Комисија.

Во рамките на овие цели, потребно е да се обрне особено внимание на создавањето регионална платформа за културни политики која би вклучувала и заедничка база на податоци, истакна министерката Стефоска, по сондираното искуство од пилот програмата „  Western Balkan’s Window Call“.

  • Искуството покажа дека треба да креираме заеднички алатки , како дел од Агендата на Европската Унија за Западен Балкан, како обемна дата- база на културни организации и над сѐ, регионална платформа  за културна политика.Тие алатки многу ќе го олеснат поставуањето долготрајно вмрежуање и партнерства меѓу културните организации во регионот, рече министерката за култура.

Според неа, алатките ќе овозможат мобилност на културните оператори, а особено за младите уметници и професионалците. Алатките ќе ги засилат и креативните индустрии и ќе помогнат во фокусот кон културното наследство, рече Стефоска.

За културното наследство, министерката за култура рече дека е неопходно да се поттикнуваат иновативни пристапи и алтернативно користење на културното наследство со цел создавање нови врски и традиции кои ги зближуваат заедниците и го засилуваат чувството на припадност.

На крајот, министерката Стефоска потенцираше дека ни е потребна оваа заедничка Агенда на Западен Балкан за иновации, истражувања, образование, култура, млади и спорт и дека сме одлучни да продолжиме да ја развиваме и да ја прошируваме европската културна арена како суштинско средство за градење на нашата иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе