Економија

Оштетени штедачи: Зарем не е јасно кој е изворот на криминалот во Еуростандард?

Првите луѓе на Надзорниот, Кредитниот и Управниот одбор во Еуростандард банка се оние кои ја иницирале, започнале, организирале и развиле кражбата на депозитите преку разни злоупотреби и манипулативни шеми на делење кредити без соодветни покритија, давани пари за да не се вратат. Да не биле овие организатори и имлементатори на криминалот во банката, парите не би биле ни украдени. – пишува во најновото соопштение од  оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Без разлика на сите вмешани страни или соучесници во криминалот, од Народна Банка и гувернерката Бежоска, претходната министерка за финансии Нина Ангеловска, па се до избраните фирми кои добивале безповратни кредити, изворот на криминалот е повеќе од јасен – велат тие.

Ако постои правда и правен систем во државава веруваме дека ќе успееме во нашата цел да се расчисти криминалот во целост, и да ни се вратат парите- велат оштетените штедачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Битиќи: Ребалансот на буџетот е розев само за владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе