Економија

Бектеши контра Шахпаска за причините што ја зголемија невработеноста

Министерот за економија Крешник Бектеши, конта неговата колешка од Владата Јагода Шахпаска. Откако вчера министерката за труд изјави дека невработеноста ја дигнале и печалбари кои поради пандемијата се вратиле во земјава и се пријавиле како невработени, министерот за економија  вели, не видел такви анализи. Бектеши не верува дека дијаспората ја зголемила невработеноста. Туку прстот го впери кон граѓаните кои биле дел од сивата економија. Тие почнале да се пријавуваат како невработени за да користат дел од антикризните мерки.

Не сум видел такви анализи дека нашите граѓани кои живеат надвор го зголемиле бројот на невработени. Од пандемија во Северна Македонија моментално има невработени некаде околу 15.000 граѓани согласно податоците кои ги имаме од Агенцијата за вработување. Јас немам такви податоци да бидам многу искрен и чесен не сум имал прилика да ја следам изјавата на колешката Шахпаска.“ –изјави Бектеши.

Вчера пак Шахпаска во интервју за Радио Слободна Европа, беше категорична дека и печалбарите ја билдале невработеноста.

Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. – рече Шахпаска.

И додека министрите од иста влада излегуваат со различни анализи зошто расте невработеноста, бројките на Агенцијата за вработување покажуваат дека од март до октомври бројот на невработени пораснал за нови 46.000 лица. Но, според Шахпаска,  анализите покажале дека директно поради пандемијата работа изгубиле 15.800 граѓани. Останатите морале да се пријават како невработени за да користат некои права од државата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе