Наместо до крајот на оваа година, браната кај гевгелиско Конско ќе биде готова најверојатно следното лето. Доцнењето од околу половина година била поради неиплатен долг во висина од 4 милиони евра од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кон изведувачот, турската компанија Серка Аекели.
Во моментов браната се гради, а по нејзиното завршување, водата од неа ќе се користи за пиење, наводнување, за прозиводство на електрична енергија, но и за дотур за спас на Дојранското Езеро.
По завршувањето на проектот, општината планира таму да се изгради и викенд населба.
Досега се изградени околу 60% од браната којашто чини 40 милиони евра и е финансирана од програмата за рурален развој на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Сузана Мицева