Свет

Илјадници Белоруси повторно протестираа против Лукашенко, повеќе од 180 се уапсени

Фото АП

Илјадници Белоруси денеска повторно ги организираа веќе традиционалните неделни демонстрации низ целата земја против долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, барајќи ја неговата оставка.

Групата за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека полицијата денеска уапсила повеќе од 180 демонстранти во Минск и другите градови и дека некои од учесниците на протестот биле претепани, пренесуваат американските медиуми.

И покрај снегот, големи групи демонстранти се собраа во неколку делови на Минск, блокирајќи го улиците во некои делови од градот

Демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Сосед за сосед против диктатурата“ и извикуваа „Оди си стаорцу“, алудирајќи на Лукашенко, кој со Белорусија владее со цврста рака цели 26 години.

Полицијата денеска повторно фрли солзавец и шок-бомби за да ги растера насобраните, а некои ги бракаше до дворовите од зградите и ги тепаше со палки, наведе „Весна“.

Во пресрет на протестот, полицијата во центарот на Минск распореди водени топови, оклопни возила и комбиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе