Економија

Половина година доцни изградбата на браната кај гевгелиско Конско

Наместо до крајот на оваа година, браната кај гевгелиско Конско ќе биде готова најверојатно следното лето. Доцнењето од околу половина година била поради неиплатен долг во висина од 4 милиони евра од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кон изведувачот, турската компанија Серка Аекели.

Во моментов браната се гради, а по нејзиното завршување, водата од неа ќе се користи за пиење, наводнување, за прозиводство на електрична енергија,  но и за дотур за спас на Дојранското Езеро.

По завршувањето на проектот, општината планира таму да се изгради и викенд населба.

Досега се изградени околу 60% од браната којашто чини 40 милиони евра и е финансирана од програмата за рурален развој на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе