Вести Македонија

Болните од хепатит одат до Албанија и Косово да ги купат лековите

Здравствениот сектор  е насочен во битката за справување со КОВИД-19, па останатите заболувања се на маргините, велат од Хепар центар во Битола , здружение кое ги обединува заболените од хепатит.  И во извештајот по повод   Европската недела посветена на Хепатитот, Македонија се најде на дното од листата држави  по третманот и справувањето со ова заболување.

Имаме многу хронични заболувања, хепатитот е едно од нив. Разочаран сум,  кога вчера ја погледнав табелата испратена во извештајот, ние сме последна земја. Земјите во соседството и  во оваа тешка ситуација со КОВИД-19  набавија одредена количина терапија за да се соочат со овој проблем, можеме и ние, вели Милан Мишковиќ, од Хепар Цнетар Битола.

Од Хепар центарот велат дека иако добиле ветувања од здравствените власти дека лековите за хепатит Ц  ќе се најдат на позитивната листа, сепак, пациентите  уште ги купуваат на приватно од странство.

Голем дел од пациентите сам се снаоѓаат со тоа што си набавуваат терапија од Албанија и Косово. Замислете дојдовме да одиме за лекови во Албанија и Косово. Во тој дел треба нешто да се преземе. Имаме доволно средства, имаме можност, треба менаџирање на целата ситуација, вели Мишковиќ.

Од Министерството за здравство велат дека заболените од Хепатит Ц имаат бесплатна терапија на Инфективната клиника во Скопје, каде и покрај коронакризата, третманот за овие пациенти се одвива нормално. Сепак, потврдуваат дека има проблеми со терапијата, но и активности за нивно решавање.

„Министерството за здравство е во тек со сите проблеми со кои се соочуваат пациентите со Хепатит Б и Ц и во моментов одредени активности во однос на формирање на стручна Комисија за ревидирање на позитивната листа на лекови, конкретно за овие пациенти, се на листа на тековни активности кои ќе се земат  предвид веднаш по стабилизацијата со коронавирусот со оглед на тоа што во моментов целокупниот здравствен систем е мобилизиран“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. 

Иако нема официјални статистики, се претпоставува дека 1 процент од населението или 20 илјади лица во државата се заразени со хепатит, а бројот на заболени е во постојан пораст.

Емилија Мисирлијевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе