Македонија

Стојчев: Историските факти не може никој да ги смени

Историчарот Александар Стојчев во вечерашното јавување во Топ Тема на Телма порача дека иако политиката отсекогаш имала влијание врз општественото мислење, сепак фактите не може да ги смени никој.

„Науката едноставно не може да манипулира со факти и парцијално да определува места, дури и да се направи интервенција, општо, во научните дела, нема да се смени ништо, вели Стојчев.

За Стојчев е неспорно дека во периодот од 1941 до 1944 година, бугарските сили во Македонија се окупатори и се на страната на фашистичката коалиција. Од септември 1944 година преминува во антифашистичката коалиција но не можеме да кажеме дека бугарската војска ја ослободувала Македонија во тоа време, кога не било така. тоа не значи квалифицирање дека целиот бугарски народ се фашисти, посочува Стојчев.

„Не може никој да ја оспори самостојната борба и националната посебност на македонскиот народ, не може никој да каже дека има заедничка национална историја со македонскиот народ, можеби има заедничка во контекст на Балканот, регионот и некои други споделености. Нашиот народ го имал најтрнливиот пат од балканските народи а учествувал рамноправно во ослободителните борби на сите балкански народи, и во првото и во второто српско востание, во грчкото востание, во бугарското востание, рече Стојчев.

Стојчев порача дека е потребно многу внимателние и многу поширок состав од малата група на комисии кои не се најстручни во сите области, треба поширока дебата и повеќе време за да се усогласат одредени ставови во однос на историјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе