Ковид19 Македонија

Средношколците со нови идеи против матурата

Со нови идеи и модели, средношколците ќе се борат против матурата. До крајот на годинава ќе и понудат на министерката за образование повеќе опции, кои би биле замена за досегашниот модел на полагање, за кој е најавено дека и годинава ќе се спроведе, и покрај пандемијата. Ќе ги искористат сите средства да го решат проблемот на институционален начин, но доколку не наидат на разбирање, подготвени се и за протести.

За Сојузот на средношколци, аргументот на министерството дека, во сите европски земји се спроведува матура, не држи, затоа што споредба не е можна меѓу нашите образовни системи. Потенцираат дека, во 90 отсто од случаите, на полагањето се препишува, а пандемијата дополнително ја комплицира состојбата поради лошиот квалитет на наставата од далечина  и скратените наставни програми. Дополнително, велат, испитите му припаѓаат на застарено образовно решение. Бараат, наместо да се полагаат испитите, да се изработи само проектната задача. Доставиле и декларација до МОН, за секоја одлука да бидат вклучени и средношколците, но
не наишле на разбирање.

Од МОН не отстапуваат од намерата, матурата да се одржи од 25 мај до 14 јуни идната година. Велат дека, полагањето на матура е законска обврска и повторуваат дека, успешно се спроведува во сите европски земји и регионот.

Донесена е одлука, да се скратат испитите од државната матура, а испитните програми по сите наставни предмети да бидат со скратени содржини, со цел полагањето да биде ефективно и организирано. Новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел. До крајот на годинава, матурантите треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат – државна, училишна матура и завршен испит. Тие што ќе пријават државна матура треба да ги наведат и предметите што ќе ги полагаат.

Министерката денеска повтори дека, и зимскиот распуст нема да почне порано, туку ќе си биде во вообичаениот термин, после Нова година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе