Вести Македонија Најважни

Гостиварчани масовно се тестираат, секој втор брз тест е позитивен на КОВИД 19

Секој втор брз ковид тест во Гостивар има позитивен резултат. За само 4 дена откако е воведен ваквиот начин на тестирање, со резултат кој се добива за 30 минути, направени биле вкупно 103 тестови во гостиварскиот Здравствен дом. Интересот на граѓаните е голем, бројот на тестови, пак лимитиран. Брзите тестови помагаат за рано детектирање на заразени, нивен соодветен третман и изолација.

Првично беше предвидено ваквото тестирање да се прави во објектот на Трудова медицина, но се изврши реорганизација и процесот се спроведува во Здравствениот дом, по 15 часот попладне. За Гостивар, Министерството за здравство за сега обезбедило вкупно 250 брзи тестови, кои не можат целосно да ги покријат потребите.

Гостивар изминатите недела дена е меѓу регионите со најмногу новозаразени на дневно ниво. Вчера беа регистрирани и 4 смртни случаи. Бројот на активно болни достигна околу 800. Ширењето на вирусот никако да стивне.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Внимавајте на лажни е-пораки – МВР со апел до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе