Македонската влада засега се откажува од инвестиции во бугарската нулкеарна централа Белене. Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, обелодени дека времено се откажуваат од инвестцијата во Белене.
Покрај другите проекти Ковачевски посочи дека земјава ќе се насочи кон гасната електрана близу терминалот на течен природен гас Александропулос во Грција. Инаку, Македонија минатата година најави дека има интерес да биде дел преоектот Белене, посочувајќи дека тоа е уште еден чекор за продлабочување на енергетската соработката меѓу двете земји а целиот регион ќе има бенефит од овој енергетски капацитет.
Инаку Бугарија неколкупати ја најавуваше и одложувааше оваа инвестиција, за која интерес покажа и претходната владејачка гарнитура.