Македонија Најважни

Охридското обвинителство отвори истрага за објавувањето на списоци на заболени од Ковид – 19

Охридското обвинителство истражува кој  јавно, на интернет објавува списоци со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19. Веќе неколку месеци во јавноста се злоупотребуваат личните податоци  на заболените  лица, па списоците кружат на социјаните мрежи заедно со  дневните статистики поврзани со КОВИД-19. Сега по добиените сознанија од полиција, од обвинителство за Телма потврдија дека ги  проверуваат овие информации.

„По добиено известување од СВР Охрид, Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет, по кој јавен обвинител презема дејствија за утврдување на факти и прибирање податоци“, се наведува во одгворот од ОЈО.

Инаку епидемиолошката сосотојбата во Охрид е крајно сложена и сериозна, расте бројот на заболени и починати лица, информираат од Центарот за јавно здравје.  Се поголеме е притисокот за тестирање, а болничките капацитети се преполни. Од таму апелираат  дека во овие моменти потребна е солидарност и почитување на мерките, а не злоупотрба на имињата на  заболените граѓани.

-Сега сме на еден голем испит на колективна рационалност и солидарност. Соочени сме со комплексен и сложен проблем, нападнати сме со мал вирус, но многу сериозен. Заштитата е проста, носење маски, миење раце, а контактите да се сведат на минимум, вели Сашо Точков, директор нс Центар за јавно здравје-Охрид

Од почетокот на пандемијата во Охрид се заразиле 1360 охриѓани, починале 50, а има над 600 активни слуачи.  Сега обвинителството треба да утврди од какде протекуваат списоците и кој јавно ги стигматизира овие охриѓани заболени од КОВИД-19.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе