Култура

Промовиран документарен филм и книга за просветителската дејност на Параскеви Киријази

По повод 22 Ноември- Денот на албанската азбука,  во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците промовирана е книга и документарен филм за просветителската дејност на Параскеви Киријази. Таа е значајна фигура за албанското просветителство од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Го напишала првиот учебник на албански јазик , била единствена жена која учествувала на Битолскиот конгрес 1908 година, каде е кодифицирана албанската азбука и одиграла важна улога за еманципацијата на жените во тоа време.

  • На жените како Параскеви, кога и да живееле, каде и да се родиле и работеле, на кој јазик и да се изразувале и да дејствувале, можам единствено со почит да им се поклонам, истакна министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска

Според Скендер Асани , директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Киријази имала широк распон на интереси поврзани со историските процеси , важни за албанската нација во тоа време.

  • Од отворање училишта на албански јазик, издавање на списанието „ Утринска ѕвезда“,  до учество на Битолскиот конгрес и на Версајската конференција. Параскеви ја напишала и „ Химната на азбуката“. Таа е првата Албанка што ја примени албанската азбука од Битолскиот конгрес во учебник,  додаде Асани.

Родена на 2.6. 1880 година во Битола. На 17 декември се навршуваат 50 години од  смртта на оваа Киријази, а заради нејзиниот голем просветителски влог  , УНЕСКО го стави овој ден на листата значајни јубилеи за оваа година.

Видеото е на македонски, албански и англиски јазик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе