Состојбата со Ковид е критична и во Велес. Градот избори 4 нови жртви за едно деноноќие, расте бројот на тешко-болни пациенти што доаѓаат во болницата, бидејќи скопските клиники одбиваат да ги примат.
Велешкиот градоначалник Аце Коцевски вели најкритично било во вторникот, а се` посериозен предвизик станува обезбедувањето кислород во здравствената установа, која во моментот работи со редуциран кардар, бидејќи 30 од вработените се позитивни на Ковид, а 12-тмина се во изолација.
Во Велес недостасува тријажен центар за пациенти со симптоми на Ковид. Коцевски предупредува и дека вирусот се шири и во градинките и училилиштата.
Во моментот позитивни се 7 деца и 14 наставници, а во изолација се вкупно 107 деца и 14 од вработените.
По неколку случаи со Ковид има и во јавното комунално претпријатие и во противпожарната едница во градот.