Вести Македонија

Граѓаните на скопска Кисела Вода против новиот ДУП, со кој треба да се гради десеткатница

Жителите на Кисела Вода повторно во судир со општината поради измени во ДУП –от  и изградба на нова зграда. Станува збор за локација на самиот булевар „Борис Трајковски“. Жителите на оваа населба велат дека инфраструктурата тоа не го дозволува, височината на зградата ќе ја покрие и онака малата сончева светлина што ја добива основното училиште „Невена Георгиева Дуња“.

Парцелата припаѓа на „Тинекс“,  на сопственикот на „Тинекс“ тоа е факт, меѓутоа според првобитниот план тој има дозвола за изградба на подрум и два или три спрата. Сега одеднаш апетитите растат спратноста да се зголеми на седум ката плус поткровје. Тоа е квадратура од 1500 метри квадратни на кои треба да се изградат некои 200 -300 станови, навистина не можам да кажам точна цифра колку.

 

Како што почнавме да делиме анкетни листови по становите се испостави дека апсолутно никој не знаеше за ова, а јавната расправа е веќе денеска во 09:30 среде работно време, како што може да видите и во време на корона криза. Реакцијата на луѓето може да ја видите, имаме 50 потписи и тоа само тука во едно попладне и тоа само од нашата зграда до сега А2. Луѓето се револтирани апсолутно.

Станува збор за јавна расправа за предлог план велат од општината, каде досега се доставени над 200 анкетни листови во кои жителите на Кисела Вода се изјасниле против ваквата промена на ДУП-от. Доколку се менува ДУП-от надлежните ќе ги земат предвид сите забелешки од граѓаните.

Само на сто метри подолу е скопскиот Расадник каде што е планирано да се изградат 97 згради. Жителите на Кисела Вода реагираат дека најчесто надлежните институции немаат слух за нивните барања и детално преиспитување на урбанистичките планови, зголемување на зелените површини  со градинки и училишта.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе