Ковид19 Македонија

Ситуацијата во Велес со Ковид-19 станува се потешка

Состојбата со Ковид е критична и во Велес. Градот избори 4 нови жртви за едно деноноќие,  расте бројот на тешко-болни пациенти што доаѓаат во болницата, бидејќи скопските клиники  одбиваат да ги примат.

Велешкиот градоначалник Аце Коцевски вели најкритично било во вторникот, а се` посериозен предвизик станува обезбедувањето кислород во здравствената установа, која во моментот работи со редуциран кардар, бидејќи 30 од вработените се позитивни на Ковид, а 12-тмина се во изолација.

Во Велес недостасува тријажен центар за пациенти со симптоми на Ковид. Коцевски предупредува и дека вирусот се шири и во градинките и училилиштата.

Во моментот позитивни се 7 деца и 14 наставници, а во изолација се вкупно 107 деца и 14 од вработените.

По неколку случаи со Ковид има и во јавното комунално претпријатие и во противпожарната едница во градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе