Македонија

Во приватните клиники молк, се чека официјален допис од владата за привремено менаџирање

Приватните клиники не се изјаснуваат за намерата, државата да менаџира и со нив.Во клиниката „Жан Митрев“ денеска имале состанок на оваа тема, но официјален став се` уште нема.

Официјален коментар нема ниту од „Систина„, неофицијално, и оттаму чекаат повеќе детали.

Најавено е дека, откако владата ќе прогласи кризна состојба во целата држава, на предлог на  Советот за безбедност, државата ќе управува и со приватните болници и нивниот медицински кадар за поуспешно справување на корона кризата. Сепак, со оглед на тоа што ваква кризна состојба кај нас се воведува за прв пат, се уште не е јасно како тоа точно ќе се изведе и дали граѓаните кои евентуално ќе се лекуваат во приватни болници за време на кризната состојба ќе плаќаат по цените што ги имаат приватните болници или ќе плаќаат како да добиле услуга во јавноздравствените установи. Министерот Филипче најави детали дури по дополнителните анализи.

Претседателот Пендаровски објасни дека ова не значи национализација на приватните болници, туку дека тие привремено ќе бидат управувани од страна на државата. За овие услуги тие ќе бидат обесштетени и тоа, според закон.

Филипче најави дека, на располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни болници, приватни поликлиники како и кадарот што работи таму. Планот за работа ќе се прави понатаму, откако ќе се добие проценка за тоа, со што се` се разполага. Рече дека следи критичен период во кој се предвидува линеарен број на новозаразени со Ковид, ќе има потреба од болнички капацитети и кадар, па затоа ќе бидат земени предвид сите ресурси и за сето менаџирање со нив ќе бидат одговорни државните институции.Можно е да запре и системот Мој термин во болницата  8 Септември, за да се стават и таму во функција дополнителни кревети.

Далиборка Дамјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Дејан Дејан

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Дејан Дејан

Лишен од слобода маж од кичевско кој со секира ги нападнал родителите при што таткото починал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе