Владата за вечерва закажа седница на која најверојатно ќе биде прогласена кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена, дознава Телма, откако денеска Советот за безбедност препорача носење на ваква мерка за да се засилат капацитетите на здравствениот систем. Со прогласување на кризната состојба менаџирањето со капацитете на приватните болници ќе го преземе државата во насока на компелтна мобилизација на здравствениот систем за справување со здравствената криза.
„Во законската можност владата да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија на општините и на градот Скопје, но тука вклучувајќи ги и трговските друштва во овој случај приватните здравствени установи“, информираше претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Кризната состојба ќе значи и поголем ангажман на Армијата во поддршка на здравствениот систем, но и на МВР. Бројот на војници кој ќе биде ангажиран за помагање за справување со кризата ќе биде седум до десет пати поголем од тој кој е ангажиран сега.
„Од војникот немаме намера, немаме законски основ, никаков правен основ, да направиме полицаец. Војската секаде ќе биде во поддршка на припадниците на МВР и нема со тоа што ќе се декларира кризна состојба, автоматски, преку ноќ, тие да добијат полициски овластувања, да апсат , да приведуваат луѓе по станици, да приведуваат, да вршат претрес на возила и т.н.“, појасни претседателот Пендаровски.
Инаку кризната состојба нема да значи и воведување на полициски час. Од владата сметаат дека негово воведување во моментов не би имало никаков ефект и оти веќе донесените рестриктивни мерки се доволни и покажале резултата на намалување на преносот на вирусот. Полицискиот час останува опција доколку има влошување на здравствената ссосотјба во земата.
„Ако се види од страна на стручните здравствени експерти дека треба да има полициски часови дека треба д асе воведуваат дополнителни затворања или слично, владата веднаш ќе постапи по таквите одлуки. Но важно е да знае јавноста и вие медиумите дека апсолутно владата нема никакви калкулации, ниту планови, ниту некакви претпоставки што би правело тоа на економијата ако се случат такви одлуки. Прво тоа е неважно, важно е здравјето. Секако дека е важно, но не ени блиску важно колку што е важно здравјето“, изјави премиерот Зоран Заев.
По прогласувањето на кризната состојба новоформираниот Управувачки комитет ќе биде тој кој ќе одлучува за користење на ресурсите и капацитетите како на државните, така и на јавните претпријатија и установи, но и на приватните трговски друштва доколку нивните капацитети се неопходни за справување со кризата, меѓу кои се и приватните болници.
Тамара Грнчароска