Култура

Почина балетскиот играч Борислав Поплавскиј

IN MEMORIAM
Борислав Поплавскиј
(27.05.1937 – 18.11. 2020)
Балетскиот играч Борислав Поплавскиј, солист на Македонскиот балет е роден во Ниш, 1937 година во некогашна Југославија. По татко руски белогардеец и мајка Македонка, Борислав Поплавскиј по втората светска војна со своето семејство се сели во Скопје, каде подоцна завршува балетско училиште кај Професор Нина Кирсанова. Од 1955 година станува постојан член на Македонскиот Народен Театар се до 1977 година.
По своето пензионирање во Македонија, се враќа назад во татковината Русија и животот го продолжува во Москва. Прерпознатлив по својот карактерен актерски израз во балетските движења, Поплавскиj одигра бројни улоги во Македонскиот народен театар речиси сите балетски претстави како: Абраксас, Валпургиска ноќ, Дон Кихот, Бахчисарајска фонтана, Штраусијада, Златната рипка, Шпанско капричо, Фантастичен дуќан, Кралица на островот, Ромео и Џулиета, Половецки логор, Копелија, Рамки и одзиви, Отело, Петрушка, Танц на кадетите, Рајмонда, Петар пан, Жизела, Легенда за љубовта и многу други. Ќе остане забележан по улогата на Човекот во дуетот „Човек и жена” одигран со Верче Бранџолица во балетот „Песна над песните”.
Тој често беше дел и од оперските претстави како: „Земја на насмевките”, „Продадена невеста”, „Кармен” и други, но исто така беше дел и од многу драмски претстави како „Вител”, „Болва во уво” и други. Особениот карактерен израз и сценичност Поплавскиј го однесе и до филмското платно, па се појавува во филмовите „Јад” и „Јазол”на Кирил Ценевски, како и во филмот „Бановиќ и Страхиња” на Ватрослав Мимица. Во последните години од својот живот Борислав Поплавскиј се враќа во Скопје продолжувајќи го и натаму театарскиот живот како гледач, уживајќи во претставите на Македонските театри. Поплавскиј пленеше со авантуристички дух полн со енергија и беше секогаш подготвен за нови предизвици. Беше голем другар и вистински боем.
По кратко боледување, почина на 18 ноември 2020.
Длабоко сочувство до семејството изразува НУ Национална опера и балет.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе