Дали имало пропусти при лекувањето, зошто тимот од медицински сестри не одговарал на повиците на 41 годишната беровачанка Руменка Довичинска, која на штипското Инфективно одделение починала на 14 ноември од компликации од коронавирусот, одговори на сите овие прашања и детали околу случајот треба да даде стручниот вонреден надзор на комисијата на Лекарската комора. Од кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче велат дека извешатјот од штипската болница и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат е добиен, а веќе утринава е побараен вонредниот стручен надзор.
За колку време ќе го заврши овој случај комисијата составена од лекари од лекарската комора според законот не е утврдено, но откако ќе го направи извештајот, во тој случај во рок од осум дена треба да го извести Министерот за здравство.
Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова вели дека од нивна страна инспекторот ја завршил својата работа. Но, апелира во овој случај да не се брза, туку комисијата да се остави да работи на него и да даде свое струќно мислење и да детектира какошто вели евентуални слабости.
Во врска со починатата пациентка од Берово ,постапено е по наредбата на ДСЗИ.Направен е записник на Комисијата за контрола на квалитет на здравствени и етички прашања и доставен е до Инспекторот. Се што понатаму ќе биде побарано од страна на надлежните институции ќе биде испочитувано.
Уште еднаш би апелирал да престанат нападите на трудот на медицинските работници, во борбата со ова зло кое го покоси буквално целиот свет.Да ги почитуваме здравствените работници, да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи состојбата е и така премногу тешка.
Досега министерството за здравство до Лекарската комора има испратено вкупно деесет случаи за починати пациенти низ болниците во земјава, а денеска се пристиогнати уште два случаи. Станува збор за починати пациенти во Струмица, Свети Николе, Битола, Тетово, Кавадарци и Ресен.
Викторија Јованова