Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани нови 41 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во моментот, во ковид центарот  на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе