Македонија

Владата утре ќе објави Уредба за сумата што ќе им ја плаќа на приватните клиники

Владата утре ќе објави Уредба каде прецизно ќе биде напишано под кои услови и на кој начин ќе се користат приватните здравствени уставови од страна на државата за лекување на пациенти заболени од Ковид-19, дознава Телма. Според нашите информации можно е менаџерите на приватните клиники да имаат средба со министерот за здравство Венко Филипче, каде ќе се разговара за условите и ќе се утврдат позцииите.

Во законот за Управување со кризи е наведено дека „Дневниот надоместок за користење на ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член изнесува до 30% од просечната месечна нето-плата по работник во Републиката објавена од Државниот завод за статистика во месецот пред давањето на ресурсите“. Но, законското решение сепак остава простор за дополнително уредување на односите,„Поблиски прописи за видот на ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член, за начинот на водењето на евиденцијата и за поблиско определување на висината на надоместокот за нивно користење, оштетување и уништување донесува Владата“,  па од ова произлегува и можноста дополнително да се утврдат позициите на државата за користење на ресурсите на приватните болници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе