Македонија

Боки 13 дојде со бастун во суд и побара промена на судијката во “Меѓународен сојуз”

Боки 13 побара иззмање на судијката Софче Гаврилова Eфремова која го води предметот Меѓународен сојуз и ја обвини дека е политички инструирана, дека е пристрасна и дека е одговорна за неговото влошено здравје. Таа неколку пати го прекина и побара да се држи до причините зошто бара изземање, но на крај во атмосфера на повишени тонови таа му го одзеде зборот и побара писмено да ги образложи барањето

 

Со бастун и придружуван од полицајци Боки 13 се врати во суд по подлга пауза поради здравствените проблеми, но за прва пат беше спроведен од дома откако пред три недели аплеација му го замени притворот во Шутка со домашен.

Јовaнавски во судница побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремова кој беше втор судија и во предметот Рекет

-Вие самата изјавивте дека сте барале изземање со оглед  на тоа што веќе сте оформиле мислење во претходниот предмет. Поголем доказ од ова дека дека судија не може да биде непристрасен не постои рече Јовановски

Тој ја обвини судијката и дека сноси одговорност за неговата здравствена сосотјба коа можеа да заврши и фатално запто што и во претходниот предмет ни во овој не се согласувала да му биде укинат притворот. Рече и дека судијата го дискриминирала и етикетирала но и дека не ги третирала двете странки во постапката еднакво. Обивнителката ја нарече девојче. По ова судијката го опомена  за однесуванјето и го предупреди да користи навреди, но атмосферата во судницата зовре кога јовановски ја рече дека предметот е политички

-Постоеше тенденцијата за  притворот. Ве информирам  дека не подлегнав на ниеден притисок или уцена, иако бев жртва на уцена на политички вагабонти, рече Јовановски.

На ова реагираше судијката да се држи до причините за кои бара нејзино изземање  но тој и возврати дека го прекинува штом се спомне политика затоа што е политички инструирана. Ова е политички предмет, рече Јовановски.

Судјката Ефремова по ова му го одзема зборот затоа што се однесувал навредливо кон неа и му  рече ако има и други причини да ги наведе во писмено барање за изземање по кое ќе одлучува претседателот на Кривичен. По ова судењето продолжи со изведување на писмени докази на обвинителството.

Покрај Јовановски кој во „Меѓународен сојуз“,  обивнети се и  експратеничката Фросина Ременски Јасна Мандиќ Ерцеговиќ  неговата асистенка Христина Блажевска како и неговиот татко Миле Јовановски кој денеска пак беше спроведен од затвор каде издржува казна за друго кривично дело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе