Вести Македонија

Ќе врши увид за четирите хидроцентрали на Шар Планина

12 решенија за отклонување недостатоци доставил Државниот инспекторатот за животна средина по спроведените 68 редовни инспекциски надзори и вонредни надзори на 25 инсталации.  Во нив се утврдени недостатоци во А интегрирани дозволи и елаборати за животна средина, дозволи за регулација на речно корито и за користење на водите. Држаниот инспекторат ќе изврши увид во сите дозволи кои што досега ги издале надлежните органи за четирите мали хидроцентрали во Лешница на Шар Планина.

Утврдивме дека на онаа која што е најнапредната со градба, а која што е лоцирана највисоко во планината на Пена имаме потенцијална можност за загадување на водите за водоснабдување на градот Тетово бидејќи во непосредна близина на каптажата се започнати градбите. Ние ќе побараме од општина Тетово дали таква санитарна зона е воспоставена или не, доколку не е веднаш ќе побараме, вели Ана Петровска, директор на Инспекторат за животна средина 

Во меѓувреме Државниот инспекторат за животна средина се соочува и со недостиг на инспектори и покрај напорите за координацијата со градските инспектори и општините, дополнителен проблем е и речиси целата уништена хартиена  документација.

Сега за сега ние ја обновуваме нашата документација која знаете дека изгоре, ја обновуваме базата на податоци бидејќи ние во моментов го немаме финалниот список на сите инсталации и елаборати за заштита на животна средина, вели Петровска. 

Редовните надзори ги надополнуваме со итно постапување и по пријава на граѓани , вели Петровска, нагласувајќи дека вонредните инспекциски надзори ќе бидат интензивирани и во претстојниот период.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССНМ ја повикува претседателката Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

Дејан Дејан

Герила акција на „Кој е следен?“ – Платно со имиња на загинатите и повредените пред Обвинителство

Дејан Дејан

Oд полноќ нови цени на горивата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе