Цела недела , дневните статитистики покажале дека третина од тетсираните за корона добиле позитивен резултат. Според неделниот извештај на институтот за јавно здравје за една седмица се заразиле повеќе 7.355 луѓе. И понатаму половината се од Скопје, а најпогодени неделава биле луѓе над 60 години. Нов црн рекорд и во смртноста од вирусот, починале 172 луѓе. Најголем дел од нив се во Прилип и Струга .
Ваквите бројки и силниот есенси бран веќе ги наполнија интерните клиники. Слободни места има уште 20 како што најавија денеска од здравство, а од утре ковид пациенти ќе прима и Очно , каде што има 33 болнички легла.
Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба, вели министерот Филипче.
А покрај државните лекари специјализанти , ќе помагаат и оние кои се на приватна специјалзиација на интерните клиники. Во моментов работат околу 30 , а се очекува да се вклучлат упте толку. Др. Јукиќ кој е специјалзиант на радиологија , уште на нпочетокот на пандемијата бил регрутиран да работи во итната медицинска помош, тој вели дека во ваква криза секој здравствен работник треба да е вклучен , но и дека понатаму прашањето за здравствено осигурување на приватните специјализанти лебди во воздух.
Министерот потоа оствари средба и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.
Теодора Цветковска