Вести Македонија

Повлечената аболиција на Иванов е уставна, одлучија судиите

Уставен суд ниту ја поништи ниту ја потврди пишман одлуката на Иванов со која го повлече помилувањето за 54 функционери. Според уставните судии членот 11 а од законот за помилување донесен во 2016 та година бил со рок од триесет денови. Поради ова сега судот смета дека нема потреба да ја преиспитува уставноста на член кој веќе нема правна сила.

Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 та. Образложението е дека оваа одредба нема правна сила, била само со темпорален карактер и нема што сега судот да цени дали е уставна или не. Не потврди не отврли, не ценеше туку едноставно се запира постапката за преиспитување на уставноста.

Во 2016 та тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов помилува 54 ца кои наводно биле под истрага на СЈО, но и самите обвинители на ова обвинителство. После бурните реакции на јавноста и меѓународната заедница беше донесена измена на законот во член 11 а со кој во рок од 30 денови помилуваните можеа да бараат да се поништат одлуките на Иванов.

Така тој си ги повлече овие одлуки. Адвокат од тетово Горан Стојановски ја поднесе иницијативата во 2019 за да се преиспита повлекувањето на помилувањата што беше протолкувано дека може да се отвори пат сега веже дел од осудените или обвинети во случаите на СЈО Груевски, Јанкуловска, Јанакиески, Мијалков, да се ослободат од вина. Судија известител во уставниот суд кој неодамна побара запирање на постапката е Дарко Костадиновски, кој токму во времето на аболицијата и нејзиното повлекување беше советник на Иванов.

Денеска со пет гласови за и 3 против уставен одлучи дека сепак нема да одлучува дали Иванов постапил како што налагал уставот  и законот или не.во меѓувреме  дел од обвинетите се обратија до Судот во Стразбур. Меѓународниот суд се уште го чека одговорот од македонската држава, а рокот истекува на средината на декември.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе