За утре е закажан советот за безбедност во Вила Водно. На покана на претседателот Стево Пендаровски, на седницата, ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.
Ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 во земјава. Седницата на совет за безбедност ја најави и премиерот Заев, кој кажа дека се прават анализи за следните чекори во справување со КОВИД-19, а се размислува и за рестрикции. Се размислува и за некоја форма на карантин но се прават анализите и ќе се одлучи за следните чекори. Мнозинството во комисијата за заразни боилести е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18 ќе има подобри резултати.