Македонија

Стејт департмент: Бугарија и Македонија да ги решат билатералните прашања надвор од пристапниот процес во ЕУ

САД ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, изјавија денеска за МИА од прес-службата на Стејт департментот.

Оттаму потсетуваат дека САД и Бугарија се силни поддржувачи на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

-Ја поздравуваме добрата волја за преговори. Ги повикуваме Бугарија и Северна Македонија да ги решат постоечките билатерални прашања надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, велат од Стејт департментот.

САД, се нагласува во изјавата за МИА, се прецизно јасни во својата желба да ја видат Северна Македонија, која моментално е кандидат за членство, како влегува во следната фаза на процесот, со одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

-Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет во целиот регион. Одлуката на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март беше позитивен чекор и беше во служба на сузбивање на лажниот наратив дека Трансатлантската заедница го остава зад себе Балканот, се вели во изјавата.

Од Стејт департментот истакнуваат дека секакви задршки во патот за пристапувањето на овие земји во ЕУ,  го ризикува отворањето на прашањето за кредибилитетот на ЕУ во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе