Култура

Џеват Лоши и Али Алиу добитници на наградата „ 22 Ноември“

Албанологот проф. д-р Џеват Лоши и литературниот критичар, академик Али Алиу, годинава ќе ја понесат наградата „ 22 Ноември“. Зад оваа одлуки стои Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“, што се доделува на личности кои придонеле во унапредување на соживотот и разбирањето меѓу припадниците на различни етнички, културни и верски заедници. Одлуката е донесена согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот. Тој jа донесе одлуката на последната одржана седница.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември (недела) , на пладне, во Собранието на Република Северна Македонија. Претседател нa Oдборот за доделување на наградата „ 22 Ноември“ е проф. д-р Гзиме Старова.   

.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе