Култура

Цврсто сите заедно против Ковид- 19

Во галеријата на МКЦ , отворена е меѓународна изложба на плакати посветена на светската пандемија со корона вирусот, насловена „ Цврсто , сите заедно“. Изложбата е дел од годинашново, 13 издание на „ Скопје постер фестивал“. На неа се изложени 75 плакати од автори од 56 земји во светот, вклучително и Македонија.
Целата иницијатива се реализира во соработка со „Poster Тerritory” од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк, кој е познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од поранешна Југославија. На изложбата се претставени и плакати од студенти, кои се приклучија на повикот на иницијативата за придонес во ширењето на мисијата и гласот на уметникот во ова невреме.
Дел од дизајнерите што се застапени на изложбата се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Њујорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и др.
Зад „ Скопје постер фестивал“ стои „Плакарт“, кој е еден од организаторите и поттикнувачи на создавањето на глобалната мрежа на дизајн-асоцијации и здруженија, кои имаат за цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со пандемијата и сите предизвици поврзани со неа.
Изложбата без официјално отворање, како превентивна мерка од Ковид-19, за јавноста е достапна од 16. ноември (понеделник), а ќе трае во текот на следниве десет дена.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе