Македонија

Фрчковски: Бугарската влада е исплашена од апсурдноста на сопствените неисполниви услови

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на Топ Тема рече дека основното тврдење на Софија дека Македонија не го спроведува договорот за добрососедство, не е точна.

Тоа е теза која на некој начин изгледа поопасна од другите бидејќи ако не спроведувате билатерален договор тогаш навистина имате проблем. Тоа изгледа како неутрална теза зад која го кријат својот меморандум. Тоа не е точно! Ниту една точка од договорот не е дека не ја спроведуваме. Може да не се согласувате со темпото, можете да имате дилеми околу некои читања на некои членови, но тоа се решава со дијалог во процесот на имплементација на договорот. Но нема теза дека ние не го спроведуваме договорот, таа мора да падне и ќе падне, бидејќи не е вистината, тврди Фрчковски.

Дополнително, според него, бугарското тврдење дека Македонија не може да влезе во ЕУ ако се базира врз антибугаризам, е едноставно безобразно. После блокадата од Софија секако дека ќе се зголеми антобугарскиот сентимент во земјава.

Не можете да кажете дека во Македонија спонтано се развива антибугарски сентимент после таков став, вие од најнеутралните луѓе ќе добиете резигнација кон Бугарија, ако не омраза, барем резигнација. Така што тоа е политика со која тие многу ризикуваат, најверојатно им е делумно пресметано. И малку страв имаат со изјавата, последна која ја сушнавме демек „немојте да се разочарувате од првата пречка, тоа е долг процес, и ние го поминавме и сега продолжете и ќе станете членка на ЕУ не се грижете“ тоа е последната нејзина изјава. Самите се исплашени од апсурдноста на своите неисполниви услови, што и самите бугарски интелектуалци неколку пати веќе им укажуваат, вели Фрчковски.

Таквата позиција на Бугарија, Фрчковски ја спореди со коронавирусот и потенцира дека како таква таа не смее да опстои.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе