Македонија Најважни

(видео)Захариева: РС Македонија во моментов не е подготвена за влез во ЕУ

Рeпублика Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија, рече Захариева за БНТ пред денешниот министерски состанок на ЕУ на кој се очекува да стане збор за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно сметале дека Софија ќе биде „притисната“ за да ја смени својата позиција.

Бугарија, вели Захариева, продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ и тоа не е само декларативно. Упати совет до Скопје да не се откажува на првата потешкотија со која се соочува на патот кон ЕУ – одобрувањето на рамката за преговори.

– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија тргна по таков пат. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почне да се размислува помалку емотивно, кога ќе престанат да се држат до градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш ќе добијат многу повеќе, изјави Захариева.

Таа најави дека планира да се појави пред бугарскиот парламент и да одговори на сите пратенички прашања во врска со РС Македонија, откако минатиот петок тоа беше одложено поради службено патување во сранство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе