Македонија

Германија: Проширувањето да не биде заложник на билатерлани прашања

Бугарија останува на ветото за Македонија, додека Германија повторно побара старт на преговорите во декември за Македонија и за Албанија. Пораката од Германија стигна од нејзиниот министерот за европски прашања, Михаел Рот, кој утрово во обраќањето пред министерскиот состанок на ЕУ, повика земјите-членки да не го ставаат проширувањето во заложништво на билатерални прашања.

„Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со меѓувладина конференција. Се надевам дека сите колеги од земји-членки ќе се согласат со овој интере и цел и ќе бидат подготвени прагматично и солидарно да работат за нејзино остварување. Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји-членки“, изјави Миахел Рот, министер за надворешни работи на Германија.

Иако се очекуваше проширувањето и стартот на преговорите со Македонија да не биде тема на денешниот состанок на министрите, поради непостигнатиот консензус меѓу земјите, Германија, како актуелен претседавач со Унијата, сепак реши да ја стави на дневен ред и дискусијата за проширувањето. Рот рече дека ќе ги информира своите колеги за процесот на проширување и на Македонија и на Албанија за кои тие уште на почетокот на годината решиле дека треба да ги почнат преговорите.

Во пресрет пак на министерскиот состанок утрово од Софија стигна нова потврда дека таа нема да отстапи од своите барања за да даде зелено светло за Македонија. Шефицата на бугарската дипломатија во три точки или како што ги нарече „основни нешта“, ги срочи условите под кои Бугарија би го направила тоа.

„Придржување до формулата за јазикот од 1999 и потврдена во 2017, мапа како да се исполнува Договорот која ќе се мониторира во текот на целиот процес и текст со изрично тврдење дека нема да се поддржат во никаква форма претензии за македонско малцинство во Бугарија, изјава Екатерина Захариева, министер за надворшени работи на Бугарија.

Бугарија, според неа, не гледа исполнување на нејзините барања во преговарачката рамка и поради тоа нема како да ја одобри.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе