Македонија

Судската служба не можеше да го најде Дерковски за да дојде и да се расправа за одземање на неговиот пасош

Поради неуредна достава на судската покана, претседателот на ДИК Оливер Деркоски денеска не дојде во кривичниот суд каде требаше да се расправа за одземање на неговиот пасош и други мерки за обезбедување кои ги побара обвинителството во ремките на истрагата за набаката на софтверот за изборни резултати кој крахираше на изборниот ден.

Деркоски ни потврди дека не добил покана ниту во Државната изборна комисија ниту на домашна адреса ниту на поареншана адреса во Прилеп и дека секако ќе постапи по судската покана. Тројца вработени во ДИК кои биле дел од комисијата за јавни набавки денеска се појавија во суд, а одлуките дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување ќе им бидат соопштени утре.

Деркоски и останатите се товарат дека спротивно на законот набавиле софтвер за изборниот процес и телевизори со што две фирми заработиле над 20 илјади евра. Спорниот софтвер на 15-ти јули затаи и ја остави државата без брзи резултати од парламентарните избори, а сајтот на ДИК беше цел и на хакерски напад, случај што се уште се истражува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Мицкоски на средба со Стармер во Тирана – Ќе има ли стратешки договор?

Дејан Дејан

Суспендиран битолски инспектор чија викендичка беше опфатена со контроли за нелегално изградени објекти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе