Македонија

5 месеци пред почетокот на пописот Македонија се уште нема закон за оваа статистичка операција

12 и 5 е а не 5 до 12 за да се донесе законот за попис кој треба да се одржи за помалку од 5 месеци едногласни се и од заводот за статитика и невладините. Времето поминува, а потребна е голема организација од создавање на пописни комисии, нивна обука, обезбeдување пари и простории.

Сметаат дека не смее политиката да се замеша во оваа чисто статистичка операција.

„Не дозволувам да се повтори грешка мора да нарпавиме професионална операција. Секое залажување ќе значи само залажување и сите ќе имаме штета. Дневно политички употреби не не интересираат ние сме институција која ја тера нашата цел, секој здраворазумен човек треба да сфати дека користа е само со точни податоци од пописот“ – вели Апостол Симовски, директор на државниот завод за статистика

„Оваа статистичка мора да е ослободена од политичко- партиски пристисоци. Голема е одговорноста и на власта и опозицијата.  Мора да биде по сите стандарди и да нема притисоци,  а да се сфати како важна операција не за да ги пребројуваме крвните зрнца“ – оценува Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Во меѓувреме во законот кој треба да го гласа Собранието, веќе се дефинирани деталите на кои заглавија партиите во 2011 та година.

Пописот ќе го спроведува државниот завод за статистика а не пописна комисија. Спорното кој се ќе влезе како население сега е дефинирано, оние кои живеат во земјава или се исселени но не повеке од 1 година како и странците кои живеат тука повеке од 1 година.

Нашите државјани пак кои живеат во странство ќе може еден месец пред пописот сами да се пријават преку онлајн база, или пак нивни блиски да го сторат тоа за време на пописот но само ако имаат документ со нивен матичен број.

Сепак овие луѓе нема да влезат како моментално население во Македонија.

„Што ако покажете во едно село дека има повеќе жители , дека има 60 деца на минатиот,  а сега има 5.  Ако државата смета дека им требаат подобри услови ќе вложи пари за училиште наместо да створи супер квалитет за само 5 деца. Ова е банален пример кој многу значи“ – вели Симовски.

Во 2011 тата Македонија имаше обид за попис, но пред да стартува членовите на пописната комисија се повлекоа, па се повлече и претседателката Весна Јаневска.

Сега таа не сака да говори за оваа пропадната операција, но поранешното СЈО има отворено истрага против екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети кои во тоа време беа владеачка коалиција. Сепак неизвесно е дали обвинителката Фатиме Фетаи ќе успее да ги докаже сомнежите дека пропаднатиот попис е договор мегу лидерите.

За Телма од обвинителстворто кое го превзема случајот велат дека е пред одлука дали ке има обвинение или не.

Во меѓувреме евростат порачува дека попис мора да има и ќе помогне во спроведувањето.

„Евростат го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи своите статистички податоци со стандардите на ЕУ за време на претпристапниот период, вклучително и пописот на население и домување. Преку Инструментот за претпристапна помош, Европската комисија обезбедува поддршка и техничка помош од европски експерти.“ – велат од Евростат.

Инаку, според законот пописот треба да започне на 1 април следната година. Ќе биде комбиниран, односно ќе се користат податоци и од дата бази, но ќе се оди и по домаќинства за граѓаните да одговорат сами дел од прашањата.

За оние кои ќе дадат грешни податоци ќе следуваат санкции. Сепак познавачите се убедени дека токму државата и граѓаните ќе имаат бенефит доколку пописот се спроведе професионално оти само така ќе може да се креираат логични развојни проекти.

Земјава е без попис од 2002 и е единствена во Европа, а Собранието кое треба да го донесе законот поради корона пандемијата никако да почне да фунционира нормално.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе