Вести Македонија Најважни

Фејсбук сведоштвото за КОВИД голгота ја крена јавноста на нозе

,,Почекај ќе разговараш со докторката, само да провериме, јави се пак . Ова „ јави се пак “ подоцна сфатив дека им значи ,, можеби ќе ти се јавиме, можеби не “ . И другиот одговор беше ,, Те молам, може ли да се јавиш подоцна “ Може. Секако. Животот на пациентите во кои е и мајка ми и кој знае уште колку мајки, татковци, баби, дедовци е многу поважен од мојата потреба за информација. Само нека биде добро. Ја продолживме вечерта со уште мал милион неуспешни обиди да добиеме некој за информација за пред 12 часот на полноќ да бидат исклучени сите линии за инфомации.“

Ваква голгота преживеала Михаела Довичинска , чија 41 годишна мајка пред два дена ја изгуби битката со ковидот на штипското инфективно одделение. Била примена на 6ти ноемрви , и веднаш ставена кислородна подршка. По неколку дена и кажува на незјината ќерака дека е добро и дека лекарите и кажале дека првата недела е нормално ковид пациентите да бидат третирани на тој начин. Но, после неколку денови мака мачале да извлечат информација како е. На 13- ти ноевмри како што пичува Довичинска во нејзинот фејсбук статус . Во 15:19 како што стои во фб сведоштвото преку пораки се обидела да им каже дека е изморена и дека не и е добро. Тоа е и последната телефонска врска која успеале да ја имаат, наредниот ден им јавуваат дека ја загубила борбата со вирусот. Повеќе од 2000 споделувања на фејсбук и слики од мобилнот на почината дека не успеала да добие никој кога барала помош , денеска ги крена на нозе здравствените инспектори кои проверуваат дали овој човечки живот згаснал поради медицински пропуст.

Поради тоа што во моментот има вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ, како и дадено задолжување на Комисијата за контрола на здравствени и етички прашања при КБ Штип, да го иследи случајот и да поднесе писмен извештај, сметаме дека во моментот е коректно да ги почекаме извештаите. По добивањето на истите, ќе имаме појасна слика за случајот и дали имало евентуални пропусти, соопштија од ЈЗУ Клиничка Болница – Штип

 Ваквото искуство какво што го опишува семејството Довичински од Беровско кое вчера ја потресе јавноста, просведочи и камерата на Телма во саботата во 8ми септември. Каде што човек чиј близок починал бо болницата бараше информации за причините за смртта и за влакно беше избегнат инцидент.  А , инаку од мин за здравство велат дека систем за информирање на семејствата на  болниот посттои.

 Во однос на прашањето за систем на информирање на семејствата на хоспитализираните, секоја Клиника има воспоставено свој систем на информирање. И по еден член на семејството и само по еден член од семејството на дневна основа може да добие информација за состојбата на пациентот, велат од министерството за здравство.

Инаку од болнички избвори , во една смена на штипско инфективно работат 4 сестри на 50 пациенти, само еден инфектолог во моментов е на работа , други двајца се на болледување поради зараза со ковид.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе