Вести Македонија

Ковид кризата станува алармантна и во Битола

Тројца пациенти починаа изминатото деноноќие на Инфективното оддделние во битолската Клиничка болница   од последици предизвикани од КОВИД-19. Тие се на возраст од 68, 69 и 71 години и сите се од Битола. Со ова вкупниот  број  на починати битолчани  се искачи на 54 лица.

Од почетокот на пандемијата до крајот на октомври во Битола имаше 22 починати. За само 15 дена битката со вирусот ја изгубиле 32 битолчани,  најмладиот на  44 години, највозрасниот 88.

Бројот на заразени достигна до 1344, дневно се регистирраат по педесетина новозаболени, а активни се 700 случаи, со што Битола заедно со Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, е  на врвот од листата на заразени со КОВИД-19.

Во Регионалниот КОВИД центар во битолската Болница, денеска има вкупно 77 хоспитализирани, сите се со потешка клиничка слика.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

„Кој е следен?“ најавува герила-акција пред Обвинителството

Дејан Дејан

Рубио: Мирот во Украина зависи од директна средба меѓу Трамп и Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе