Фудбалската репрезентација на Македонија во претпоследниот натпревар од Лигата на нации ја совлада Естонија со 2:1 и се задржа на првата позиција во групата која носи пласман во повисок ранг од ова натпреварување.
Иако во изменет состав, избраниците на селекторот Игор Ангеловски стигнаа до уште една победа и го продолжија триумфалниот поход во 2020 година во која се уште не ја почувствувале горичината на поразот.
Учесникот на Европското првенство нема загубено натпревар повеќе од една година и во последниот настап в среда против Ерменија доволен ни е бод за да го потврдиме првото место во оваа конкуренција.
ФОТО: Игор Паневски