Ковид19 Македонија Најважни

Пациенти со Ковид се борат за здив – драматични слики на Клинички

Драматична слика на Клинички – медицински лица во скафандери и пациенти коишто се борат за секој здив, на носилки и во трка со времето. Амбулантни возила со вклучени сирени се пробиваат до Интерните клиники каде што функционираат Ковид-центрите. Ваквата глетка е реална, а ова е секојдневието на медицинскиот персонал, веќе осум месеци. За едно деноноќие повторно четириесетина нови пациенти се згрижени во болница поради тоа што вирусот направил тешка клиничка слика кај овие луѓе. Од нив 24 се на Интерните клиники.     Започна да се полни и новото одделение на Клиниката за Гастро, со примени 17 пациенти откако беше отворено.

Од вчера овде, на Интерните клиники започна да функционира Ковид-центарот на Клиниката за Гастроентерохепатологија. Се очекува да започне да работи и Ковид-центарот на Клиниката за Нефрологија. Обезбеден е довод на кислород за сите новозгрижени пациенти или како што велат докторите, оние средно-тешки пациенти.

Од новопримените пациенти со Ковид во последните 24 часа, најмногу од нив се токму на Гастро. Четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и тројца во Ковид-центарот на Клиниката за Неврологија. Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска присуствуаше на донација на едно амбулантно возило, во Струмица, изјави дека болниците во целата земја се соочуваат со недостаток на медицински кадар и дека во моментов нема ниту еден невработен или неангажиран лекар во државата.

Иако има слободни болнички кревети, состојбата е критична повторно потсети министерот Филипче. Показател за тоа е бројката од 410 пациенти потврдени или сомнителни на вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од нив на кислородна поддршка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе