Во пресрет на последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство за играчи до 21 година против селекцијата на Црна Гора нема да може да смета на Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љаврдим Фазлиу.
Сепак и покрај дополнителните проблеми со кои се соочува предводникот на нашиот национален тим ветува дека ќе даде се од себе да стигне до три бода и да ја потврди втората позиција на табелата
“Пет фудбалери ќе ни недостасуваат против Црна Гора. Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи. Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план”, изјави Милевски.
Мечот со Црна Гора се игра во вторник на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски.
ФОТО: Игор Паневски