Економија

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка АД Скопје

Комерцијална банка АД Скопје им понуди на граѓаните нов продукт – СМАРТ кредит, кој овозможува користење на потрошувачки кредит и на кредитна картичка во едно. Корисникот располага со максимум 400.000 денари, кои ги троши секогаш кога има потреба од нив.

 СМАРТ кредитот е со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност. Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување АД Скопје.

Расположивите средства од кредитот се достапни 24 часа на ден преку банкомат, а во секое време преку услугите Интернет банкамБанка и SMS банкарство може да се следат промените во состојбата на сметка.

СМАРТ кредитот е креиран со цел да излезе во пресрет на потребите на граѓаните на кои им треба финансиска поддршка со лесен пристап до средствата тогаш кога имаат потреба од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе