На денешниот тренинг на репрезентацијата до 21 година се повреди еден од клучните играчи во одбраната Агрон Руфати и нема да биде во комбинација за претстојниот дуел против селекцијата на Израел.
Стоперот во нашиот состав поради жолти картони го пропушти и првиот меч во Скопје со Израелците, а поради повредата сега нема да биде дел од тимот на натпреварот што ќе се одигра во Нетанија.
На македонската селекција до 21 година за да остане во конкуренција за нов пласман во завршницата на Европското првенство потребни им се две победи во последните два дуели против Израел и Црна Гора.
ФОТО: Игор Паневски