Вести

94 медицински лица во Скопје заболени од Ковид 19

Главниот град со најмногу здравствени капацитети е и со најмногу активни случаи на инфицицирани од корона вирус меѓу здравствените работници. Во моментов се болни 94 додека од стартот на корона кризата се заразиле 720 а починале тројца. Со црн биланс на починати е и Тетово исто колку и во Скопје, тројца. Таму во моментов се 17 а вкупно биле 73 ца. Куманово и штип пак се градови каде активни случаи меѓу здравствените работници се 21 а  имаат и по еден смртен случај. Куманово исто така е и втор по воопшто заболени вработени по здравствените установи од почетокот на кризата и тоа со 184 ца.

Но според податоците од по региони Охридско Струшкиот во моментов е со вкупно 60 тина случаи меѓу здравствените работници. Директорите и на Струшката и на болницата во Охрид велат дека се снаоѓаат со ротација. Во струга 5 мина се доктори, 3 сестри и околу четворица се во самоизолација. Во Охридска болница пак во самоизолација или заразени се околу 20 тина.

И во Велешката болница состојбата со заразени вработени таму во моментов е алармантна. Од болницата велат дека вкупно вработени позитивни на корона вирус се 17 позитивни а 9 во изолација. 4 болни се доктори 6 сестри 4 ца се болничари и техничари, двајца администратори и еден хигеничар.  Меѓу градовите кои исто така во моментов имаат голем број на заразени здравствени работници е и струмица со 19 од вкупно 52 кои биле од стартот на кризата, и битола со моменталните 11 активни.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе