Вести Македонија Најважни

Полициски час засега нема да се воведува

Полициски пунктови , воизла на мвр кои патролираат низ улиците , казна ако го прекршиш полицискиот час – вака Македеонија функционираше во почетокот на пандемијата. Сценарио кое нема да се преслика , бар засега бидејќи здравствените власти највија дека нема потреба од полицисски час.

Наместо тоа , нова мерка – во текот на целиот ден е забрането е групираат повеќе од четири луѓе на отворено. Досега , ваквата забрана важеше по 21 часот , кога и се затвораат сите ресторани, кафулија кафеани.

Оваа мерка нема да важи на места како пазар и јавен превоз, и секаде каде што веќе има јасни протоколи за работа, како спортски натпревари. Сепак , можни се рестрикции во одредени градови  и укинување а меѓуградскиот и општинскиот превоз. Рестрикциите не се зголемуваат , но во исто време се забрзано се зголемува бројот на зафатени болнички легла во државава. Во Струмица и Кавадарци веќе е полно, а на другите клиники има место, изјави Филипче.

Инаку оваа недела бројот на позитивни од тестирани секој ден надминува 30 проценти . Од вчера се зголемени и пунктовите на кои граѓаните за само 15 минути може да дознаат дали се заразиле со вирусот. Дневно се прават од 300 до 500 брзи тестови И за овие тестови се закажува термин преку матичен лекар. Со нив може да се тестираат пациенти кои се во рамките на пет дена од почетокот на симптомите, ако се поминати тие денови се прави класично ПЦР тестирање.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе