Вести Македонија

Во пензија со 64 години

Уште еден пратеник од владеачкото мнозинство е позитивен на ковид. Миле Талевски, пратеник на СДСМ од Прилеп, е на домашно лекување. Со тројца позитивни и еден отсутен поради друга болест, владеачкото мнозинство во моментот може да смета на максимум 58 гласа. Недоволно за утврдување дневен ред на новата седница во четврток, за избор на уставен судија или за гласање по законите за кои расправата е завршена. Опозицијата не само што не ги поддржува проектите на власта, одбива и да присуствува на гласањето. Со тоа, станува неизвесно кога Собранието би можело да проработи во целосен капацитет и да ја остварува својата основна функција: да носи закони.

Сепак, во собраниската архива постојано пристигнуваат нови предлози. Владеачкото мнозинство денеска поднесе пакет од пет закони за менување на законот за работни односи, за администрација и уште неколку други. Заради намалување на јавната администрација и отварање можност за вработување млади, се предлага пензионирањето да стане задолжително при навршувањето 64 години. Но, ќе бидат признаени договорите на сите што до 31-ви август годинава поднеле барање за продолжување.

Од ВМРО ДПМНЕ ќе се изјаснат за овие предлози откако сериозно ќе ги разгледаат. Сериозен приод ќе биде потребен и за предлогот за менување на Деловникот, што деновиве ќе биде формално поднесен од Коалицијата „Можеме“. Тоа е нужно за да се овозможи онлајн присуство и гласање барем на пратениците што имаат решение за изолација. Со тоа, би се овозможило задржување на функциите на Собранието и при евентуално влошување на здравствената состојба во земјата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе