По деталните прегледи направени во Скопје, медицинскиот тим во фудбалската репрезентација на Македонија констатираше дека Аријан Адеми има повреда на бутниот мускул и поради тоа нема да може да настапи за националниот тим против селекцијата на Грузија.
Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски го повика Енур Тотре, а фудбалерот од средниот ред на тетовска Шкендија веќе е приклучен на репрезентативниот тим за ноемвриските натпревари кои следуваат и беше дел од денешниот тренинг, последен пред утрешното заминување за Тбилиси каде в четврток ќе го одиграме дуелот за пласман на Европското првенство против селекцијата на Грузија.
ФОТО: Игор Паневски