Фудбалска репрезентација на Македонија од вечерва ги почна подготовките за историскиот дуел против Грузија. Со триумф во Тбилиси нашата селекција ќе обезбеди пласман на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во следниве два дена ќе тренираат во Скопје, а на 11-ти патуваат за грузиската престолнина каде в четврток со почеток од 18 часот ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман на континенталниот шампионат.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.