Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за историскиот дуел против Грузија во кој со победа ќе обезбедиме пласман на Европското првенство.
Репрезентативците во еден глас потенцираат дека ќе сторат се да го исполнат сонот и Македонија да ја одведат на континенталниот шампионат.
“Само да бидеме здрави и како што треба и добро да се подготвиме. Знаеме што нè чека, што носи овој меч. Три години го чекаме овој момент. Можам само да кажам дека ќе изгинеме на терен, ќе дадеме сè од себе за да ја однесеме Македонија на Европското првенство. Двапати одигравме со Грузија, две ремија, но ова е сосема друг меч. Финале е, тежок меч и мислам дека сме доволно подготвени за овој натпревар”, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.