Спорт Фудбал

Голманот Божиновски има позитивен резултат ги пропушта натпреварите на репрезентацијата

Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски доби позитивен тест на коронавирусот и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија, Естонија и Ерменија.

Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери.

“За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи”, изјави Даниел Божиновски.

Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски нема да повика друг голман за натпреварот со Грузија, но остава отворена можност тоа да го направи за дуелите од Лига на нации против Естонија и Ерменија.

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе